Јане Ахонен, по втор пат ќе ја прекине пензијата и повторно ќе му се врати на професионалниот спорт.
Негова цел е да освои медал на Зимските олимписки игри, кои во 2014 година ќе се одржат во Сочи.
35-годишниот Финец, претходно заминуваше во пензија во 2008 и 2011 година.
Ахонен е ден од најдобрите ски скијачи во историјата на овој спорт, во својата кариера има освоено два Кристални глобуси, остварил рекордни 108 пласмани на победничкиот пиедестал и пет пати победувал на традиционалната турнеја „Четири скокалници“.
Финецот има пет златни медали од Светските првенства и две тимски сребра освоени на Олимписки игри.
Медал во поединечна конкуренција од олимпијадите му недостига во кариерата што е главна причина за неговото враќање.