Леон купра 280 е најбрз сериски Сеат некогаш

Од:

Шпанската компанија „Сеат“ го претстави најбрзиот сериски модел некогаш, Леон купра 280 со „Ултимејт Суб8 перформанс“ пакет.

Сеат Леон купра 280 е еден од најмоќните хеџбек модели моментално на пазарот, а со новиот „Ултимејт Суб8 перформанс“ пакет чини 42.252 евро и нуди ултимативно спортско искуство.

Намалената тежина е остварена со едноставен клима систем, помал број звучници, отстранување на наслонот за раце и други ситници кои значат драгоцени секунди во светот на автомобилизмот.

Пакетот доаѓа со 19 инчни тркала, сопирачки поголеми за 30 милиметри и Мишелин Пилот спорт Куп 2 пневматици.

Во понуда е шестстепен мануелен или ДСГ менувач, како и ДЦЦ систем за динамичка контрола на возилото, Купра Драјв профил со Нормал, Спорт, Купра и Индивидуал модел на возење, круз контрол, сензор за паркирање на назад и сателитска навигација со екран осетлив на допир.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ