„Лексус“ брзо се шири и ја освојува Европа

Од:

Јапонскиот премиум производител на автомобили, што делува во рамки на компанијата „Тојота“, на американскиот пазар годинава ги оствари своите досега најдобри резултати.

Податоците за продажбата во првата половина од 2014 година покажуваат дека „Лексус“ е на добар пат значително да ја подобри својата позиција и во Европа, бидејќи неговата продажа во овој регион пораснала за една четвртина.

„Лексус“ за првите шест месеци од 2014 година го зголеми бројот на испораки во Европа за 25,4 отсто, со што стана најбрзо растечка автомобилска премиум марка на овој пазар.

Во периодот јануари-јуни Европејците купиле 24.586 возила „Лексус“, а најпродаван модел беше „Лексус ИС“, со 6.923 парчиња.

Убедливо најмногу се продаваше хибридната верзија „ИС300х“ (5.366 автомобили).

Јапонскиот производител втората половина од годината ја дочекава со оптимизам, со оглед на фактот дека во продажба ќе се најде и новиот кросовер „НХ“. „Лексус“ од овој модел има големи очекувања, па продажните резултати во второто полугодие може да бидат уште подобри.

Потпредседателот на „Лексус“ за Европа, Алан Витенховен, верува делка во 2014 година ќе биде достигната зацртаната цел од 50.000 продадени автомобили на „стариот континент“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ