Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Од:

Возачот на Ферари, Шарл Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија на патеката во Монца.

Ландо Норис од Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но во првиот круг беше претекнат од неговиот клубски колега Оскар Пјастри и возачот на Ферари, Шарл Леклер. Пијастри го освои првото место, а Леклерк го освои второто место.

Тимот на Ферари се одлучи за едно менување гуми, за разлика од Мекларен кој се одлучи за две застанувања во боксот, што Леклерк го искористи и славеше пред Пјастри и Норис, со што стигна до седмата победа во кариерата.

Пијастри заврши на второто место со 2.664 секунди заостанување, додека Норис трет со 6.153 секунди заостанување.

Вториот возач на Ферари, Карлос Саинц беше четврти, а Луис Хамилтон од Мерцедес беше петти.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Макс Верстапен од Ред Бул беше шести.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел и Серхио Перез од Ред Бул завршија на седмото и осмото место.

Возачот на Вилијамс, Алекс Албон беше деветти, а 10. место го зазеде Кевин Магнусен од Хаас.

Следната трка во шампионатот ќе се вози на 15 септември во Азербејџан.

Би можело да ве интересира

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд