Лејкерси шампиони на Летната НБА лига

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја освоија Летната НБА лига откако ноќеска во финалето го победија Портланд со 110:98.

Победникот беше решен во третата четвртина кога Лејкерс го преземаа водството и предноста не ја испуштија до крајот на мечот.

Најдобар играч во победничката екипа беше Кајл Кузма со дабл-дабл ефект 30 поени и 10 скока. Тој беше прогласен и за МВП (најкорисен играч) на финалето.

Кај Портланд се истакна Келеб Шваниган со 25 поени, 12 скокови и 7 асистенции.

За МВП на целата Летна лига е прогласен Лонзо Бол.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот