Кошаркарите на ЛА Лејкерс во драмтатичен меч го совладаа Мемфис, со што уште повеќе се доближија до плеј офот, додека Оклахома се израмни со Сан Антонио на челната позиција на западот.
Двајт Хауард реализира еднослободно фрлање на 4,1 секунди до крајот на мечот, а потоа го изблокира Мајк Конли во неговиот обид, по што Лејкерси го совладаа Мемфис со 86:84.
Оклахома во Индијанаполис ја декласира Индија со 97:75 и со скор 56-20 се израмни на првото место во Западната конференција со Сан Антонио.
Кошаркарите на Њујорк остварија нов триумф. Ноќеска на домашен терен го победија Милвоки и за нив ова беше 11.та победа во серија. Најефикасен на дуелот повторно беше Кармело Ентони со 41 поен, а имаше и 14 скокови. Ова за него е трет натпревар по ред како постигнува 40 и повеќе поени.
Победа постигна и Мајами, Мајк Милер реализираше 26 поени. Шампионот на овој натпревар настапи без Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Реј Ален.
Резултати:
Атланта-Фладелфија 90:101
Бостон-Кливленд 91:97
Њујорк-Милвоки 101:83
Минесота-Торонто 93:95
Чикаго-Орландо 87:86
Шарлот-Мајами 79:89
Индијана-Оклахома 75:97
Јута-Њу Орлеанс 95:83
Феникс-Голден Стејт 107:111
Сакраменто-Далас 108:117
ЛА Лејкерс-Мемфис 86:84
Портланд-Хјустон 96:116.