Лејкерс триумфално кај шампионот Голден Стејт

Од:

Убедлив триумф со 127:101 забележаа кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостувањето кај актуелниот НБА шампион Голден Стејт.

Мечот го одбележа и повредата на ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс кој го заврши натпреварот предвреме. Џејмс некаде на средината на третата четвртина се пожали на повреда на препоните и го напушти теренот.

Во победничкиот состав се истакнаа Кајл Кузма со 19 поени, Ивица Зубац си 18 поени и 11 скока, додека Леброн застана на 17 поени и 13 скока.

Кај домаќините најефикасни беа Андре Игодала со 23 и Кевин Дурант со 21 поен.

На другиот дуел одигран ноќта меѓу вторник и среда Јута беше поуспешна од Портланд со 117:96.

Пласман Западна конференција: Денвер 21-10 (победи-порази), Голден Стејт 23-12, Оклахома 21-12, ЛА лејкерс 20-14, ЛА клиперс 19-14,…

Пласман Источна конференција: Торонто 25-10, Милвоки 23-10, Индијана 22-12, Филаделфија 22-13, Бостон 20-13,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот