Тимот на Лос Анџелес Лејкерс му одржа лекција на Далас, го совлада со 115:89 најавувајќи подобра сезона.
Езерџиите конечно заиграа како што се очекуваше од нив пред стартот на сезоната, а Коби Брајант не беше прво име во тимот иако постигна 19 поени, колку и клучниот играч Џејмисон, кој на своите 19 поени додаде и 15 скокови. Најефикасен во противничкиот табор беше Винс Картер со 16 поени.
Вашингтон Визардс беа многу блиску до првата победа сезонава, но сепак загубија од Шарлот по две продолженија. Визардси го имаа последниот напад, но Вебстер погоди само еден поен од слободни фрлања, а Џордон Крофорд не реализираше шут по офанзивниот скок на Крис Синглтон.