Тимот на Мајами Хит славеше со 98:79 на гостувањето кај Бостон Селтикс, и така се избори за мајсторка во финалето на Истокот од НБА лигата.
Најзаслужен за победата на Жешките беше најдобриот играч на регуларниот дел од сезоната Леброн Џејмс, кој постигна 45 поени, а притоа имаше и 15 скокови.
Кај домашната екипа со исклучок на Ражон Рондо постигна 21 поен и имаше 10 асиситенции, потфрлија останатите четири играчи од почетната петорка.
Решавачкиот натпревар од финалето на Истокот ќе се одигра во сабота навечер во Мајами, а победникот ќе игра во големото финалето против Оклахома Сити.