Леброн се врати за триумф на Лејкерс во градското дерби со Клиперс

Од:

По 17 пропуштени натпревари поради повреда на препоните, Леброн Џејмс се врати на теренот и беше еден од најзаслужните за триумфот на Лос Анџелес лејкерс во дуелот со градскиот ривал Клиперс.

„Езерџиите“ победија по продолжение, а Џејмс натпреварот го заврши со 24 поени, 14 скока и девет асистенции, што значи му фалеше само едно додавање за „трипл-дабл“.

За Лејкерси ова беше 27 победа наспроти 25 порази и сега имаат една победа помалку од Клиперси и се едно место (9. место) зад нив во поредокот во Западната конференција.

Резултати на натпреварите во НБА-лигата играни ноќта четврток кон петок:

Детриот – Далас 93:89
Орландо – Индијана 107:100
Торонто – Милвоки 92:105
Дан Антонио – Бруклин 117:114
Голден Стејт – Филаделфија 104:113
ЛА клиперс – ЛА лејкерс 120:123.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот