Леброн рекордер во НБА-лигата со најмногу трипл-дабл, откако наполни 35 години

Од:

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рано утрово на натпреварот со Оклахома (119:112 по продолжение) дојде до третиот трипл-дабл оваа сезона. Тој средбата ја заврши со 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

За 36-годишниот Џејмс ова беше деветти трипл-дабл, откако наполни 35 години, по што го помина Џејсон Кид (8) и стана рекордер во историјата на НБА во таа статистичка категорија.

По нив следуваат Пол Пирс и Пау Гасол со по три тројни ефекти.

На листата остварени трипл-дабл по 18. сезона во НБА Леброн Џејмс е прв со три, пред Коби Брајант со два и Тим Данкан и Карл Мелоун со по еден трипл-дабл.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ