Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс беше разочаран по поразот од Голден Стејт, но го призна поразот и му честита на ривалот.
– Дадов се од себе во петте дуели од финалната серија. Изгубивме, тие се најдобри. Не беше наш период. Покажаа дека се најдобар тим оваа и последните три сезони, изјави Џејмс.
Кливленд ноќеска беше поразен на гостувањето кај Голден Стејт со 129:120 и му ја отстапи шампионската титула на големиот ривал кој финалната серија ја доби со 4-1 во победи.