Леброн: Нема да останам без сон

Од:

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс не е многу загрижен по вториот пораз од Бостон во финалната серија на Источната конференција.

Кливленд ноќеска загуби со 107:94 и сега е на 0-2 во серијата прв до четири победи.

– Мислам дека ќе бидам во ред. Нема да останам без спиење поради двата пораза. Ќе се обидеме да возвратиме на наш терен. Се подобруваме и очекувам да победуваме на следните средби. Не е ништо завршено. Бостон го направи тоа што му требаше на домашен терен. Сега ни е нас редот, истакна Џејмс.

Ниту трипл-дабл ефектот (42 поени, 10 скокови и 12 асистенции) не помогнаа Кливленд да го избегне поразот. Следниот нивни дуел е закажан за 20 мај.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот