Леброн: Не ме интересира мислењето на Џордан

Од:

Леброн импресионира со моменталната форма во која се наоѓа и според многумина тој е најдобриот играч кој некогаш се појавил на НБА терените.

Но, во едно интервју кое го даде за НБА телевизијата, Мајкл Џордан, кој според сите добри познавачи на кошарката е далеку над сите кошаркари во историјата, изјави дека би го одбрал Коби Брајант пред Џејмс.

Кошаркарот на Мајами во текот на загревањето синоќа на мечот против Оклахома, даде свој коментар на оваа изјава.

„Мене тоа ништо не ми значи, едноставно не ме интересира. Коби пред мене, навистина не ми е битно. Не сакам да навлегувам во полемики кој од нас двајца е подобар. Се додека сум на теренот и им помагам на моите соиграчи, да постигнеме што е можно подобри резултати, другото навистина не е важно“, рекол Џејмс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ