НБА вицешампионот Кливленд ја прекина серијата од четири порази во низа откако ноќеска на гостувањето во Вашингтон забележа победа со 130:122.
Леброн Џејмс уште еднаш беше првото име во тимот на Кливленд, постигнурајќи речиси половина од поените. Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл од 57 поени и 11 скока, а имаше и седум асистенции. Со тоа Џејмс стана седмиот играч во историјата на НБА лигата, воедно и најмладиот, кој стигна до бројката 29.000 поени во својата кариера.
Во второто дерби на вечерша Бостон славдеше победа на гостувањето кај Оклахома со 101-94, иако на полувремето домаѓините водеа со 18 поени разлика. Кајри Ирвинг со учинок од 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции, заедно со Ал Хорфорд кој имаше 20 поени и 8 скока. На „Тандерси“ не им помогнаа ниту дабл-дабл учиноците на Пол Џорџ од 25 поени и 10 скокови како Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 19 поени и 11 скока.
Ова беше седбата победа на Бостон во низа откако на стартот на сезоната „Селтикси“ ги загубија првите два натпревари.