Леброн Џејмс го престигна Коби Брајант и се искачи на врвот по поени во историјата на НБА на Божик

Од:

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на врвот на листата по поени во историјата на НБА-натпреварите играни на Божик.

Во натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Бруклин (115:122) одигран ноќеска, Леброн постигна 39 поени и стигна до 422 со што го надмина поранешниот член на Лејкерс, Коби Брајант, кој кариерата ја заврши со 395 поени на неговите натпревари за Божик.

Натпреварот против Бруклин за Џејмс беше 16-ти во кариерата на католичкиот празник.

По Џејмс и Брајант на вечната листа следуваат Оскар Робертсон со 377, Двејн Вејд со 314, Кевин Дурант со 299, Шекил Онил со 272 поена…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on