Ѕвездата на Мајами хит, Леброн Џејмс е прогласен за спортска личност на годината во САД во изборот на „Спортс Илустрејтед“.
Џејмс наградата ја добива за заслугите и предводењето на „Жешките“ до тронот во НБА лигата сезонава, во која беше прогласен за Најкорисен играч (МВП) и во првиот дел од сезоната, и во финалната серија.
По успехот со Мајами, заедно со американската селекција го освои златниот олимписки медал во Лондон.
– Индивидуалните награди не ми се важни. Го прават тоа што го правам бидејќи го сакам, а цел ми е да бидам уште подобар – вели 27 годишниот кошаркар.
Во конкуренција за наградата на „Спортс илустрејтед“ конкурираа и американски и странски спортисти и луѓе поврзани со спортот, но непишано правило е наградата да замине кај домашно име. На Џејмс наградата ќе му биде врачена на гала свеченоста во Њујорк на 10. декември.