ЛеБрон Џејмс најмладиот играч со 20.000 поени

Од:

Леброн Џејмс стана најмладиот играч во историјата на НБА стигнувајќи до цифрата од 20.000 поени!

Тој во синоќешната победа над Голден Стејт имаше ефект од 25 поени, десет асистенции и седум скока, па покрај гореспомнатиот рекорд стигна и до 5.000 асистенции во кариерата.

„Јас сум комплетен играч. Доминирам во сите аспекти на играта. Од се по малку. Не сум еднодимензионално момче. Ова е само потврда дека израснав во кошаркар на каков многу луѓе ме подучуваа. Само се обидувам да играм на вистинскиот начин, и ништо повеќе“, изјави Леброн Џејмс по средбата со Голден Стејт.

Претходниот рекорд го држеше Коби Брајант кој до 20.000 поени стигна на 29 години и 122 дена. На Леброн Џејмс тоа му успеа со 28 години и 17 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ