НБА лигата ја доби најдобрата петорка за регуларниот дел во сезоната 2012/2013.
Петорката ја предводи МВП кошаркарот на регуларниот дел од сезоната, Леброн Џејмс, кој единствен доби максимален број гласови.
Покрај Џејмс, во идеалната петорка се најдоа уште: Кевин Дурент (Оклахома), Крис Пол (ЛА Клиперс), Коби Брајант (ЛА Лејкерс) и Тим Данкан (Сан Антонио).
Втората најдобра петорка ја формираа: Марк Гасол (Мемфис), Блејк Грифин (ЛА Клиперс), Кармело Ентони (Њујорк), Тони Паркер (Сан Антонио) и Расел Вестбрук (Оклахома).
Во третата најдобра петорка новинарите ги избраа: Џејмс Харден (Хјустон), Двајт Хауард (ЛА Лејкерс), Дејвид Ли (Голден Стејт), Пол Џорџ (Индијана) и Двејн Вејд (Мајами).
Извор: Макфакс