Тимот на Фенербахче го победи руски Зенит со 1:0 во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа.
Ислам Слимани го реализираше единствениот гол на натпреварот во 21 минута, а Роберт Мак пропушти пенал за гостите од Санкт Петербург.
Фенербахче е во неочекувано лоша позиција во турското првенство, откако во моментов е на 14 место од вкупно 18 екипи, но вечерва најде сила да ги израдува своите поддржувачи.
Зенит разочара со својата игра и не успеа да постигне позитивен резултат за тимот.