Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров со деветте постигнати голови против Монпеље се избори за место во тимот на колото според ЕХФ, додека голманот Борко Ристовски кој настапува за Рајн Некар Левен има најдобрата одбрана на колото.
Тимот на 11.коло од Лигата на шампионите го сочинуваат:
лево крило: Андерс Егерт (Флензбург)
лев бек: Џамали (Кристијанштад)
среден бек: Анди Шмид (Рајн Некар Левен)
десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
десно крило: Блаж Јанц (Целје)
пивот: Андреас Нилсон (Веспрем)
голман: Матијас Андерсон (Флензбург).
Најубав погодок во оваа рунда постигна Дарко Ѓукиќ од Бешикташ.