Лазаров: Вардар заслужи да биде во елитата

Од:

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров упати низа комплименти за Вардар во пресрет на полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со неговиот тим Барселона.

– Ждрепката сакаше со Вардар да играме во полуфинале, Вардар заслужи да се најде во елитата, заради трпеливост, веруваше во успех. Сакам да кажам дека сите го направија тоа со знаење и никој не победи со среќа. Победуваше Вардар, и на гости и дома. Одиграа екстра квалитетна сезона, победуваа со Флензбург РНЛ, Киелце, . Влегуваме со респект имаат различни видови на играчи, добро сме подготвени но на терен ќе видиме како ќе биде. Нека победи подобриот на терен, рече десниот бек на Барселона.

Дуелот Вардар – Барселона почнува во 18 часот, а претходно од 15 часот и 15 минути на Ф4 турнирот во Келн ќе се игра првото полуфинале меѓу Веспрем и ПСЖ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска