Лазаров следните две сезони ќе настапува за Нант

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант.

Најдобриот десен бек во светот потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Тој заминува од Каталонија по четири сезони со сите можни освоени трофеи и соборени рекорди. Во новиот клуб ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е негов некогашен соиграч од Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), а сега ја извршува функцијата помошник тренер. Во ростерот на Нант се наоѓаат и поранешните соиграчи на Лазаров од Барселона, Гурбиндо и Белегер.

Новата екипа на Лазаров е второпласирана во францускиот шампионат со само еден бод заостанување за лидерот ПСЖ.

Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпеље и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.

„Доаѓам во амбициозен клуб, кој од година во година напредува. Имам можност да играм во еден од најдобрите шампионати во светот и да играм во Лигата на шампионите. Ги гледам мечевите од францускиот шампионат и многупати сум го гледал Нант. Ова е ново поглавје во мојата кариера”, изјави Лазаров за официјалната веб страница на клубот.

Во својата кариера Лазаров го носеше дресот на: Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација Осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона.

Во клупскиот ракомет капитенот на македонската ракометна репрезентација освои 52 трофеи.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност