Лазаров прогласен за најдобар десен бек на светот

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров, е избран за најдобар десен бек во светот за 2016 година според специјализираниот ракометен медиум „Handball-planet“.

Тој убедливо ја победи конкуренцијата и уште еднаш потврди дека долго трае и доминира во европскиот ракомет.

Лазаров доби повеќе гласови од Ласло Наџи, Кжиштоф Лијевски и Алекс Душебаев.

Во идеалниот тим покрај Лазаров се најдоа Уве Генсхајмер (ПСЖ), Микел Хансен (ПСЖ), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Тобиас Рајхман (Киелце), Хулен Агинагалде (Киелце), Андреас Волф (Кил) и Виран Морос (Барселона).

Микел Хансен е прогласен за најдобар ракометар за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он