Лазаров најефикасен во победата на Барселона над Монпелје

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров беше најефикасниот играч на Барселона против Монпелје во дуелот од 11.коло во Лигата на шампиони.

Актуелниот европски првак Барселона го победи Монпелје со 31:23, а Лазаров беше стрелец на 9 гола.

Ова беше дуел од Б групата во која денеска унгарски ПИК Сегед славеше над Колдинг со 34-23.

На дуелите од оваа група одиграни во четвртокот Вардар загуби на гостувањето кај Рајн-Некар со 28-27, додека Кристијанштад и Киелце одиграа нерешено 35-35.

На табелата води Барселона со 17 бодови, а по неа со по 15 бодови следуваат Пик Сегед, Киелце и Рајн-Некар. Македонскиот шампион Вардар е на петото место со 12 бодови, а по него следуваат, Монпелје 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ