Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изјави дека е горд кога го носи дресот со националните бои.

– Играјќи за мојата репрезентација е чувство кое не може да се опише. Со години играм со страст и пасија која не може со зборови да се опише. Ако се вратам назад 20 години сигурно некои работи ќе направев поинаку. Кога си помлад не ги гледаш работите како кога си поискусен. Кога би можел би бил попрофесионален како помлад, истакна Лазаров во интервју за официјалните медиуми на „Хумел“.

Лазаров со својот клуб Нант викендот го освои 2.место на фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Македонскиот ас на овој турнир постигна 14 гола и стана прв стрелец во историјата на Ф4 на ЛШ.

Би можело да ве интересира

Бабиќ: Тешки се натпреварите против Металопластика

Ана Ололовска

Во Битола гостуваат ракометарите на Гудме од Данска

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Вардар потпиша со голманот Кугис Артурс

ВИДЕО: Вардарци со нови дресови на Ф4 во Келн

Татјана Ташкова

Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија