Лара Гут од Швајцарија победи на денешниот велеслалом во Зелден со што беше означен почетокот на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање.
Гут имаше вкупно време од 2:23.02 минути со што ги освои првите 100 поени. Таа имаше најдобар резултат и по првата трка.
Второто место со заостанување од една секунда и 44 стотинки и припадна на Американката Микаела Шифрин, додека као третопласирана заврши Марта Басино од Италија, која имаше заостанување од +1.93 секунда.
Утре во Зелден се вози машкиот велеслалом.