Швајцарската скијачка Лара Гут е победник на трката во супервелеслалом од Светскиот куп што синоќа се одржа во Лејк Луис, Канада.
Таа патеката ја мина со време 1:02.68 минути со што се избори за својата 20. Победа во Светскиот куп. Воедно, Гут по 36. Пат се искачи на подиумот.
Од неа за десет стотинки беше побавна второпласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн. Место на победничкиот подиум обезбеди и Италијанката Софија Гоџа со време 1:03.27.
Ова беше прва трка во „Супер-Џи“ во новата сезона по која води Гут со 100 бода, пред Вајратер која освои 80, трета е Гоџа со 60.
Во Генералниот пласман лидер е Микаела Шифрин (САД) со 358 бода, пред Гут која досега собра 330, Гоџа има 267, а во ТОП 5 се и Илка Штухец (Словенија) со 245 и Венди Холденер (Швајцарија) со 168 бода.