Лара Гут најбрза на првиот супервелеслалом сезонава

Од:

Швајцарката Лара Гут е победничка на првата трка сезонава во дисциплината супервелеслалом што вечерва по европско време се возеше во Лејк Луис, Канада. Гут оствари време 1:18.46 минути.

Вчерашната спуст победничка Линдзи Вон го освои второто место со време 1:18.83 минути и со тоа дефинитивно потврди дека се враќа во извонредна форма по двегодишната пауза поради повредата на ногата.

На победничкиот подиум место имаше и за Словенката Тина Мазе која патеката ја мина со време 1:19.27.

Со оваа трка завшри северно-американската турнеја за скијачките кои по традиција сезоната ја почуваат на американскиот континент.

Во Генералниот пласман на првите три места се Мазе со 320 бодови, пред Австријките Катрин Цетел со 250 и Ана Фенингер со 231 бод.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ