Директорот на Ламборџини Стефан Виклеман потврди дека компанијата на актуелниот Пебл Биџ настан во Калифорнија на затворена група луѓе претставила нов суперавтомобил со хибриден погон, што ќе биде официјално претставен на Саемот на автомобили во Женева.
Информацијата за хибриден суперавтомобил од Ламборџини значи дека компанијата влегува во конкуренција со Ферари, Порше и Мекларен во овој сегмент.
ЛаФерари, 918 Спајдер и П1 веќе го прифатија концептот на хибриден погон, по што е сосема логично Ламборџини да се приклучи кон истиот тренд што веќе го најави со хибридниот концепт Астерион ЛПИ 910-4.