„Ламборџини Венено“ – звукот на змејот

Од:

 Вклучете ги звучниците и засилете ги. Небото се отвори, земјата исчезнува под нашите стопала додека сите вулкани истовремено исфрлаат лава. „Ламборџини Венено“ звучи како да почнал смак на светот.

Во целата историја на автомобилизмот тешко е да се пронајде модел што изгледа позлокобно од хиперавтомобилот „Венено“ на „Ламборџини“.

Кога ќе ја видите сликата ќе бидете сигурни дека звукот на моторот и издувниот систем не се ништо помалку застрашувачки.

Овој модел на „Ламборџини“, со кој фабриката ќе одбележи половина век постоење, е наречен „Венено“, што на шпански значи „отров“.

„Венено“ под хаубата ќе го има познатиот 6.5-литарски атмосферски В12 мотор, што за потребите на овој единствен модел е засилен од 700 на 750 КС.

„Отров“ на асфалтот ќе се пренесува  со седумстепен роботизиран мануелен менувач.

Максималната брзина ќе биде 355 километрти на час, забрзување од 0 до 100 килоемтри на час ќе се одвива за само 2,8 секунди.

Цената на овој автомобил изнесува околи три милиона евра и ќе постојат само три примерока. Не е изненадување дека сите веќе си нашле свои сопственици.

Оваа година претставени се уште два хиперавтомобила – „Ферари ЛаФерари“ и „МекЛарен П1“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска