Ламаркус Олдриџ предвреме ја завршува кариерата поради срцеви проблеми

Од:

Центар на НБА тимот Бруклин Нетс, Ламаркус Олдриџ, објави денеска дека ја завршува својата кариера по совет од лекарите, поради проблеми со срцето.

Олдриџ, кој на 28 март потпиша договор со Бруклин, имаше проблеми со срцето на мечот против Лос Анџелес лејкерс минатата недела, а неговата здравствена состојба по натпреварот се влоши.

-Иако сега е подобро, тоа што таа ноќ го почувствував беше една од најстрашните работи што ги имам доживеано. Затоа донесов одлука да се повлечам од НБА. Веќе 15 години кошарката ми е приоритет, но сега е време сопственото здравје и моето семејство да ги ставам во преден план, напиша 35-годишниот Олдриџ на својот Твитер профил.

Олдриџ претходно во кариерата играше за Портланд од 2006 до 2015 година и за Сан Антонио од 2015 до март оваа година, со просек од 19.4 поени и 8.2 скокови по натпревар.

Седум пати беше дел од Ол-стар натпреварите.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски