Селекторот на младинската репрезентацијата на Србија, Ненад Лалатовиќ изјави дека пред неговите избраници е императивот победа во натпреварот со Македонија на Европското првенство во Полска.
– Тоа е добра репрезентација која го загуби првиот натпревар со убедлив резултат иако имаа речиси ист посед како Шпанија. Македонија упати голем број удари на голот, но немаа среќа во реализацијата. Не се случајно на ЕП. Имаат квалитет, два добри бека, во средината двајца многу добри играчи, високо по крилните позиции исто така се многу добри, агресивни, брзи, едноставно можат да бидат многу незгодни. Тие се опасни и на контра напади. Сето ова, сепак е за нашата употреба, затоа што знаеме дека можеме и ние мора да ги победиме, истакна Лалатовиќ.
Тој имаше јасна порака за неговите играчи.
– Дилемата не постои. Ние треба да влеземе во натпреварот многу сериозно. Им кажав на играчите „Сите тимови од поранешна Југославија, кога играат против Србија, како да играат против непријател“. Значи ние треба да се влезе во натпреварот, високо мотивирани, подготвени на се, но на прво место да се победи, заклучи спрскиот селектор.
Натпреварот Македонија – Србија е во рамките на Б-групата на ЕП за фудбалери до 21 година. Ќе се игра попладне од 18 часот во Бидгошч.