Ладата XCode Concept пристигнува во 2017

Од:

На овогодишниот московски саем на автомобили најногу внимание привлече новиот лада СУВ концепт- XCode.
Лада на својот штанд изложи неколку нови концептни возила, засновани на актуелните модели, но централно место резервира за концептот XCode. Овој СУВ претставува претходница на идниот сериски модел кој се очекува во 2017 година.

Таканаречениот “X” дизајн, кој Лада го форсира во последните неколку години присутен е и на ова концептно возило.
Техничките детали не се познати засега, но се наговестува дека моторизацијата на продукциската веризија ќе ги опфати и турбо агрегатите, а се очекува и верзија со погон на сите 4 тркала.

За купувачите на располагање ќе биде и Лада конект систем кој овозможува поврзување на смартфон со мултимедијалниот уред.

Фотографии од внатрешноста на возила се уште нема, а извесно е дека централната позиција на командната табла ќе зазема тачскринот на мултимедијалниот систем.

Би можело да ве интересира

Пад на европскиот пазар на автомобили во јануари, особено за француските производители

Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад

„Лада“ го слави 40-от роденден на бесмртниот модел „Нива“

Ана Ололовска