„Лада“ го слави 40-от роденден на бесмртниот модел „Нива“

Од:

Зад назнаката „40-годишнина” се кријат ограничениот број модели од серијата на бесмртниот теренски модел „Лада Нива“, која го прославува својот 40-ти роденден.

Сериското производство на теренскиот модел на „Лада“, „Нива“ (ВАЗ-2121) почнало во април 1977 година.

Замислена е добро да се снаоѓа далеку од асфалтираните патишта, со перманентен погон преку двете осовини, предни диск-зопирачки и независна предна осовина. Евтината „Нива“ беше и остана еден од најпопуларните автомобили во Советскиот Сојуз и подоцна во Русија.

Нејзината употребливост и едноставност многу добро ја препознаа и во многу други земји ширум светот, па руската автомобилска компанија во еден период извезувала дури 70 отсто од тогашното производство.

„Нива“ исто така се нудела и со волан на десната страна, а покрај стандардната верзија со три врати, Лада Нива се нуди и во практична верзија со пет врати, која настанала на зголемено меѓуосовинско растојание.

Четириест години подоцна, со подобрувањата кои почесто и не се вредни за споменување, легендарната „Нива“ всушност е иста.

Јубилејното издание го носи името „Лада 4х4 40“, бидејќи „Лада“ името „Нива“ од 2014 година го резервира за модел, кој настана во соработка со „Шевролет“, а чија втора генерација на патиштата може да се појави во 2019 година.

Без гломазните и непотребни пластични каросериски додатоци со кои е „украсен” последниот модел „Лада 4х4 Урбан“, „Лада“ јубилејната едиција ќе ја произведе во 1.977 примероци, а неколку возила ќе бидат обоени во камуфлажна боја со која биле обоени каросериите на првите „Ниви“.

Покрај новите двобојни алуминиумски бандажи, новите бои на инструменталната табла и еко-кожата на седиштата и на воланот, тука се и соодветните назнаки на едицијата во и на каросеријата, но и плочки со нумерираност (од 1 до 1.977).

Автомобилот, кој својот живот ќе го продолжи паралелно со најавената нова „Нива“ и натаму ќе го покренува стариот 1,7-литарски четирицилиндричен бензински мотор.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on