Девет натпревари од квалификациите за Европското првенство за ракометарки ќе се одиграат во текот на денешниот ден. Македонија во СРЦ Кале од 17 часот и 45 минути ќе игра против Германија во рамките на групата 7.
Во оваа група игра и Русија која веќе обезбеди настап на еврошампионатот.
Двојки за другите дуели од квалификациите за ЕП 2014 кое во декември ќе се одржи во Хрватска и Унгарија:
Белорусија – Романија,
Литванија – Украина,
Финска – Исланд,
Словачка – Франција,
Турција – Шпанија,
Словенија – Шведска,
Полска – Црна Гора и
Португалија – Чешка.