Кузмиќ во наредните 48 часа ќе биде во вештачка кома

Од:

Новинарот Зоран Шаренац објави нови податоци за степенот на повредата и здравствена состојба на Огњен Кузмиќ.

Тој, исто така, објави фотографија од уништениот автомобил во кој кошаркарот на Црвена Ѕвезда доживеа сообраќајна несреќа.

“Снимките покажаа дека Кузмиќ нема хематом во мозокот, но дека повредите на лицето и фрактурата на вилицата се такви што уште најмалку 48 часа ќе биде во вештачка кома. Ситуацијата во наредните часови ќе ги утврди понатамошните медицински процедури”, наведе Шаренац.

Тој, исто така, истакна дека Кузмиќ бил сопатник во автомобилот, и дека неговиот пријател Богдан Илиќ, кој исто така се здобил со повреди, го управувал возилото.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он