Младиот член на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски нема да биде дел од националниот тим на Светското првенство во Франција.
Левиот бек на Металург сениорската репрезентација ќе го пропушти ракометниот Мунидијал во Франција што ќе се игра во јануари следната година.
Кузмановски, кој вчера се здоби со повредата на десната дланка на уште на самиот почеток од натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Металург и Татран Прешов, ќе мора да паузира во наредните два месеци.
Тоа практично ќе значи дека селекторо Лино Червар не само што не ќе може да смета на Кузмановски за настап во црвено-жолтиот дрес на Македонија, туку ќе го нема на располагање и еден од клучните играчи на Металург во последните два меча од групната фаза во елитното натпреварување.