Куртoa и Ѓоковиќ ко-сопственици во ист фудбалски клуб

Од:

Белгискиот фудбалски голман Тибо Куртоа стана ко-сопственик на францускиот второлигаш Ле Ман.

Голман кој го брани голот на Реал Мадрид, се придружи на групата инвеститори предводени од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и возачите на Формула 1, Фелипе Маса и Кевин Магнусен.

При потпишувањето на договорот, Куртоа се фотографираше со дресот на Ле Ман, на кој пишува „NxtPlay“.

Тоа е името на неговата компанија, преку која инвестираше во Ле Ман. Како што пишува шпанскиот весник Ас, на Куртоа му се допадна проектот на францускиот клуб, па се придружи бидејќи е фасциниран од фудбалската историја на Франција.

Минатата сезона, Ле Ман беше 15-ти на ранг-листата на третата француска лига, но брзо напредуваше и влезе во втората лига.

Тој моментно е на петтото место со 20 натпревари по ред без пораз.

Клубот исто така стигна до осминафиналето на Францускиот куп.

Колегите на Тибо Куртоа од Реал Мадрид, исто така, инвестираа во клуб од Франција. Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе се ко-сопственици на екипата на Кан.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он