Екипата на Македонија Ѓорче Петров го совлада Работнички со минимални 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија.
Иако имаше бројни шанси на двете страни, бразилскиот интернационалец Робсон Да Силва беше стрелец на единствениот гол на мечот.
Реванш натпреварите од четвртфиналето во Купот ќе се играат на 5 декември.
Резултати од четвртфиналето на Куп на Македонија:
Академија Пандев – Кораб 3:1
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Шкендија – Победа 0:1
Силекс – Беласица 0:2