Куп на Македонија: Фаворитите рутински до победа, само Вардар ремизираше

Од:

Во првите осминафинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија победи забележаа Шкендија, Академија Пандев, Работнички, Беласица, Победа и Силекс, а од фаворитите само Вардар одигра реми против Македонија Ѓорче Петров.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Македонија Ѓ.П. со голот на Христијан Кировски во 13-та минута дојде до предност од 1:0, а Вилијан Лира во 72-та донесе израмнување за Вардар и ги постави конечните 1:1.

Работнички победи со 0:1 на гостувањето против Тиквеш, а стрелец на победничкиот гол беше Филип Петковски во 77-та минута.

Најубедлива победа од 2:6 оствари Академија Пандев на гостувањето во Штип против Брегалница, а стрелец на четири гола за гостите беше Марио Крстoвски.

Силекс на гостувањето во Автокоманда кај Скопје славеше со 0:2, а со ист резултат бранителот на трофејот Шкендија пред својата публика го совлада тимот на Кит Го.

Победа славеше со 1:2 на гостувањето кај Гостивар, а Беласица со 0:2 го совлада Пелистер во Битола.

Реванш натпреварите на програмата се на 3. октомври.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он