„Кумановскиот пекол“ продолжува во СЦ „Борис Трајковски“

Од:

Екипата на Куманово за прв пат во историјата на кошаркарскиот Куп на Македонија, е финалист, откако вечерва во неизвесниот натпревар успеа да го совлада Кожув со 87: 92.

Играчите на Луковиќ, губеа со 19 поени разлика, но во последните ја подобрија играта и направија целосен пресврт.

Најефикасни во победничкиот состав беа Александар Костовски со 28, Ивица Димчевски со 25 и Ентони Ли Инграм со 16 поени.
Во екипата од Кожув најмногу поени постигнаа Владимир Филиповиќ со 22 и Игор Мијаиловиќ со 13 поени.

Утре од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се игра финалето, во кое кумановци ќе ги измерат силите со МЗТ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски