Куманово со победа ги почна настапите во БИБЛ

Од:

Кошаркарите на Куманово го совладаа Тиват со 78:75 во првиот настап од новата сезона во регионалната БИБЛ лига.

Клучна за победата на кумановчани беше разликата од шест поени остварена во третата четвртина (26:20).

Другите три македонски екипи во балканското натпреварување денес ќе ги одиграат натпреварите од 1.коло.

Во рамките од А групата во Гевгелија составот на Кожув го пречекува тимот на Башкими во терминот од 19 часот.

Во групата Б, екипата на Карпош Соколи во Скопје игра против Сутјеска во терминот од 19 часот, додека половина час подоцна (19:30) Фени Индустри гостува во Косово кај составот на Пеќ.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он