„Кулушевски ми го подари дресот на Јувентус откако истакнав македонско знаме“

Од:

Дејан Кулушевски ја избра Шведска за репрезентација за која ќе настапува, но срцето уште му трепери кога ќе види македонско знаме. Тој му го подари дресот со кој играше на мечот Ференцварош – Јувентус во Будимпешта на охриѓанецот Марјан Кикески, кој живее и работи во Унгарија.

„Морам ова да го споделам затоа што многу големо задоволство ми направи Кулушевски. По завршување на натпреварот Кулушевски кој не влезе во игра со уште неколку фудбалери и членови на стручниот штаб тренираа на теренот. Тогаш, јас го извадив македонското знаме, Кулушевски веднаш го забележа, дојде кај мене и ми ги подари дресот. Ме направи многу среќен човек и немам зборови со кои можам да му се заблагодарам“, напишал Кикески на социјалните мрежи, а пренесува „Охрид Њус“.

Јувентус славеше убедливо на дуелот против Ференцварош со 1-4.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра