Тони Кукоч ја тужеше „EFP International“, поранешна „Banca Svizzeria Italiana (BSI)“. Тој тврди дека швајцарска банка заедно со неговиот финансиски советник му украле голема сума на пари во 2004 година.
Од 1991 до 2004 година со финансиските работи на Кукоча раководел Паоло Банфи со кој дотогаш немал никакви проблеми. Кукоч, во тужбата наведува дека Банфи, во 2004 година почнал да му ги краде парите. Соочуесник на Банфи му бил личниот банкар на славниот кошаркар, Паоло Ѕола.
Кукоч ги обвинува дека го фалсификувале неговиот потпис на документи за хипотека за хотел во Лугано.
„Документите покажуваат дека Тони Кукоч ги потпишал документите за хипотека во Лугано, Швајцарија, во декември 2006 година. Меѓутоа, Кукоч во тоа време не бил во Швајцарија и никогаш не ги потпишал документите“, се наведува во тужбата.
Хипотеката на хотелот е околу 7,5 милиони долари, а Кукоч ги обвинува дека во повеќе од 300 трансакции му украле вкупно 11 милиони долари.
Кукоч до сега се обидуваше да добие сатисфакција во швајцарските судови, но не успеа. Јасно е и зошто. Швајцарските банки брилијантно соработуваат со тамошното правосудство.
Извор: Топспорт