Со средства од Агенцијата за млади и спорт на спортскиот комплекс во Општина Крива Паланка ќе биде изградена фитнес зона.
-Обезбедени се средства за имплементација на уште еден нов проект во општината што наскоро ќе се реализира. Терените кај спортскиот комплекс во градот ќе бидат надополнети со нова фитнес зона. Како што ветив во изборната програма,а тоа го напоменав и на почетокот на мојот мандат, на само месец и половина од стапување на функцијата градоначалник, веќе може да кажам дека интензивно интензивно се работи заедно со општинската администрација на исполнување на целите и инвестиции во приоритетните области, меѓу кои, како клучен сегмент е и спортот. И во претстојниот период не очекуваат многу нови проекти во спортскиот сектор и давање важност и поддршка на младите, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Тој информира дека е во тек подготовка на документација за почнување со изградба на нова фитнес одобрена со одлуката на Влада за обезбедени финасиски средства за поставување 15 фитнес зони во неколку општини на теритиријата на државата.