Македонската кик-боксерка Кристина Стојчевска го освои сребрен медал од Светскиот куп ,,Австрија класик’’, одржан изминатиот викенд во Инсбрук, Австрија .
Во сениорка конкуренција на повеќе од 2000 кик-боксери од 31 држава, Кристина Стојчевска во категоријата -55 килограм во дисциплината во кик-лајт, се закити со сребрен медал.
До второто место таа дојде со победи над домашната натпреварувачка Дорис Кохлер и Италијанката Елена Кардонт.
Во финалната борба, Стојчевска се сретна со претставничка на Слованија, Мелинда Рамадани, а златото и „избега„ за само еден поен.