Суперѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо, најверојатно ќе биде дел од неговиот тим за вечерашниот дуел со Шведска во групата 3 од А дивизијата во Лигата на нации.
Триесет и пет годишниот напаѓач го пропушти саботниот натпревар со Хрватска поради инфекција на ногата. Инфекцијата заврши и ЦР7 е подготвен за игра.
Во неделата тренираше околу 30 минути, а во понеделникот веќе работеше на исто ниво со соиграчите. Можно е Роналдо да биде меѓу стартерите вечерва, а можно е и тој да се појави по паузата.
Ова ќе биде прв официјален натпревар на Роналдо оваа сезона. Офанзивното трио на „морнарите“ се очекува да биде составено од Роналдо, Жоао Феликс и Бернардо Силва.