Крим противник на ЖРК Вардар СЦБТ во 1. коло од Региналната лига

Од:

Првиот официјален натпревар во новата натпреварувачка сезона, ЖРК Вардар СЦБТ ќе го одигра на гости во Словенија против Крим Меркатор. Ова е дуел од првото коло во Регионалната лига која стартува на 1 септември.

На состанокот на раководството на ВРХЛ и претствниците на клубовите што се одржа во Љубљана, утврден е календарот и системот на натпреварување за сезоната 2013-2014.

Во Регионалната лига ќе се натпреваруваат осум екипи со можност бројот на учесниците да се прошири и на десет екипи. Настапот во Регионалната лига го потврдија двата македонски претставника ЖРК Вардар СЦБТ и Металург, Подравка и Локомотива од Хрватска, Будуќност и Даниловград од Црна Гора и Крим Меркатор и Загорје од Словенија.

Се чека конечниот став на австрискиот првак Хипо и одлуката на Хрватската ракометна федерација за настапот на екипата на Самобор како трет претставник од нивната држава во ова натпреварување.

– ЖРК Вардар СЦБТ ќе продолжи да се натпреварува во Регионалната лига. Но нашиот став е јасен, ако има измени во календарот и неоправдани откажувања и презакажувања на натпреварите како минатата сезона, ние ќе се повлечеме од Лигата, истакнa директорот на ЖРК Вардар СЦБТ, Давор Стојаноски за официјалниот сајт на македонскиот шампион.

Распоред на натпреварите за 1. коло: Крим Меркатор – ЖРК Вардар СЦБТ, Подравка – ЖРК Металург, Локомотива – Будуќност, Загорје – Даниловград.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска