„Кралот“ се враќа на 1 февруари

Од:

Најдолгото отсуство на кариерата на Леброн Џејмс поради повреда ќе заврши овој петок. Или барем тоа се надежите на тренерскиот и медицинскиот штаб на неговиот тим, Лос Анџелес Лејкерс.

Тој претрпе повреда во препоните на Божик во натпреварот со Голден Стејт. Очекувањата беа дека тој ќе биде отсутен максимум десет дена, но излезе дека неговиот период надвор од теренот е подолг.

Џејмс веќе почнал да тренира со тимот, но сепак му треба уште еден тренинг пред да се врати. Затоа тој нема да биде подготвен за следниот натпревар на Лејкерс против Филаделфија 76-ерс. Неговото враќање ќе биде на 1 февруари, во градското дерби против Лос Анџелес Клиперс.

– Се надевам дека наскоро ќе можам да го користам Леброн. Ќе ја следиме неговата состојба од ден на ден, изјави тренерот на тимот Лук Волтон, а пред „ЕСПН“ човек од штабот на „кралот“ откри дека е огромна веројатност да е на линија во петок.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот